Две третини од младите сакаат да ја напуштат Македонија. Повеќето од нив, според истражувањето изјавиле дека не би се вратиле. Токму поради тоа, еден од приоритетите во Националната стратегија за млади ќе биде спречувањето на иселувањето на младите од земјава.
Според последниот попис на населението, од вкупниот број на населението, вкупно 17,8 отсто се млади, што е за 150 илјади млади помалку од 2002 година.
Во последниот извештај на Европската Унија се нагласува дека стапката на невработеност кај младите и понатаму е висока, и изнесува 30,1 отсто. Според истражувањата, ова е една од главните причини зошто младите одлучуваат да ја напуштат земјата. Потребата од нова стратегија се јави поради неуспехот во имплементацијата и неусогласеноста на реалните потреби на младите во старата стратегија за млади која беше промовирана во 2016 година.
извор: infomax.mk