Студеното време веќе се чувствува наутро и навечер, па многу е веројатно дека некои од радијаторите нема да можат да ја загреваат просторијата како претходно, или воопшто да не се загреваат. Тоа може да предизвика поголем проблем. Последно што сакате е ладен дом среде зима. За среќа, постојат неколку едноставни чекори што можете да ги направите за да го решите овој проблем. Ако вашиот радијатор не работи или не грее како претходно, не треба да се грижите, во повеќето случаи проблемот едноставно се решава. Следете ги следните пет чекори и бидете "сам свој мајстор".
Првото нешто што треба да направите е да проверите дали има поголем, посериозен проблем со системот. Ова значи дека треба да проверите дали сите радијатори греат. Исто така, треба да проверите дали нешто необично се случува во системот за централно греење. Дали можеби уредот што го користите за загревање на водата е бучен или не работи како досега.
Ако повеќе од еден радијатор не се загрева, или бојлерот/котелот се гаси, можно е да има поголем проблем, во тој случај повикајте експерт за да го реши проблемот.
Ако еден од радијаторите (евентуално неколку од нив) не грее, обично проблемот е вишокот воздух во радијаторот. Сè што треба да направите е да го испуштите воздухот од радијаторот. Лесно ќе препознаете дали причината е вишок воздух во системот, бидејќи во повеќето случаи радијаторот е топол одоздола, но ладен одозгора.
Испуштањето е лесна постапка. Користете клуч за радијатор, одвртете ја навртката и држете ја одвртена сè додека не слушнете шиштење.
Веднаш штом ќе почне да протекува вода, свртете ја навртката и почекајте малку. Радијаторот треба да почне да се загрева.
СОВЕТ: Ставете широк сад под навртката за да не истекува вода од радијаторот на ѕидовите и подот, или покријте ја околната површина со стари крпи. Честопати оваа вода е валкана, па ќе ви биде мнгу тешко да ги исчистите евентуалните дамки на ѕидот.
Ако вишокот воздух во радијаторот не е проблемот, а кога ќе го допрете радијаторот е ладен насекаде, не само во горниот дел, тоа е знак дека треба да ги проверите сите вентили. Осигурете се дека вентилот и од левата и од десната страна на радијаторот е отворен. Ако имате термостатски вентил (оној што ви овозможува да ја прилагодувате температурата и да ја нагодувате автоматски - термопар), проверете дали е отворен и свртен на „греење“ (+).
Можеби си мислите дека ова е банално, вентилите не се допрени цела година и така натаму. Сепак, проверете, бидејќи ако имате деца во куќата, верувајте ми, тие знаат да си играат со вентилите и да ги затворат случајно.
Исто така, може да се случи вентилите да бидат отворени, но термостатскиот вентил да е неисправен и системски затворен. Потоа, само јавете се на професионалец за да го замените со нов и тоа е тоа – би требало да работи.
Може да се случи половина од радијаторот да биде топол, половина ладен, а ниту еден од радијаторите да нема воздух за испуштање. Ако го забележите ова, допрете ги влезните и излезните цевки. Ако влезната е топла, а излезната е ладна, тогаш може да има проблем во пумпата или во котелот со кој се греете. Проверете дали пумпата работи. Ако сè е во ред со неа, можно е проблемот да е во котелот. Потоа, само викнете стручњаци да дојдат и да проверат што не е во ред.
Ако после овие неколку чекори сè уште не можете да го загреете радијаторот, најдоброто нешто што можете да направите е да повикате стручњаци за парно греење да проверат што се случува. Можно е да има блокада, да се заглавила нечистотијата зад радијаторот, да пукнала цевка некаде... Откако сте пробале со сите „сам свој мајстор“ методи, викнете стручњаци пред да направите поголем проблем.
извор: kajgana.com