Регулаторната комисија за енергетика(РКЕ) утврди нови цени на горивата.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, изнесува 89,00 ден/лит, на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, изнесува 91,50 ден/лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 103,00 ден/лит, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) 'ќе чини 98,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,115 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС ќе биде 49,919 ден/кг.