
Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,28%, одлучи Регулаторната комисија за енергетика
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 06.08.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 72,50 ден/лит.
Малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 06.08.2018 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 63,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува иста во однос на цената утврдена со Одлуката од 06.08.2018 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,598 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 06.08.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 33,053 ден/кг.