Цените на роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан треба да бидат приближно исти со оние на национално ниво до 2027 година, беше заклучено на состанокот организиран од ЕК. Првите намалувања на цените се очекуваат веќе во летото следната година.
Роамингот во регионот беше укинат на 1 јули минатата година, по што забележано е зголемување на бројот на корисници на услугите во роаминг за 100%, како и зголемување на сообраќајот на податоци во роаминг и до 460%.
И покрај мерките за ограничување на патувањето, забележавме значително зголемување на сите показатели за користење на роаминг благодарение на режимот 'роаминг како дома', во однос на појдовни и дојдовни повици, СМС пораки и пренос на податоци.
Според анализите, корисниците во роаминг од Западен Балкан оствариле вкупно 143 милиони минути појдовни повици во 2021 година, или приближно двојно повеќе во споредба со 2019 година.
извор: kajgana.com