Македонскиот јазик ќе се изучува во училиштата во Италија, во градовите каде што има најмногу Македонци, предвидува пилот-проектот како дел од петтата Програма за соработка на полето на културата, образованието и науката меѓу Македонија и Италија.
Програмата беше потпишана од страна на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и италијанскиот амбасадор во земјава, Андреа Силвестри. Дејствието се одвиваше во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје.
Амбасадарот, како особено значајни, ги истакна културните проекти реализирани меѓу двете земји, а најави дека ќе биде организирана и Недела посветена на италијанската кујна, која има културна вредност, препознаена и од УНЕСКО. Силвестри додаде дека во тек е и Неделата на италијанскиот јазик во светот, којашто започна во понеделникот и е посветена на италијанскиот јазик што го говорат младите.
Во МСУ во тек е и изложбата „Современи екосистеми“ од италијанските уметници Антонио Масаруто и Роберто Геци.
Според министерката Костадиновска-Стојчевска, оваа Програма која важи до 2025, не исправа пред нови шанси за продлабочување и зацврстување на комуникацијата, размена на искуства, и афирмација на вредностите на двете земји, како и поволности за младите преку стипендии и размени.