Дали со најавените нови мерки за поевтина струја ќе се намали и цената на лебот? Дел од производителите велат дека очекуваат најнапред стабилизација на цената, па дури потоа поевтинување на лебот и пекарските производи, објави Канал 5.
Поевтинувањето на лебот е можно по Nова година. Со новите мерки кои се најавуваат за поевтина струја од први декември за дел од производителите на храна маѓу кои е и мелничко пекарската индустрија се очекува најнапред стабилизација на цената па дури потоа е можно поевтинување на лебот и пекарските производи.
Ова е ставот на претставниците на двете најголеми стопански комори. Според агро комората при ССК за да има реално поефтинување потребно е проектвност од владата, заедно со коморите да се носат мерките за полесно да се надмине кризата и вклучување на стоковите резерви за да се намали влијанието на светските берзи каде цените постојано растат.