Зимското сметање на времето по правило треба да се врати во недела на 30 октомври. Доколку Владата не донесе поинаква одлука, стрелките ќе треба да ги поместиме од 3 на 2 часот и ќе добиеме дополнителен час.
Неодамна Владата излезе со информација дека поради кризата со енергија, а во однос на на нејзина заштеда, можно е зимава да останеме во летен режим на сметање на времето, со оглед на тоа дека останаа уште само две недели до промената.
Toa значи дека оваа година можно е воопшто да не прејдеме на зимското сметање на времето кое треба да почне во сабота кон недела ноќта, меѓу 29 и 30 октомври.
Зимското сметање на времето подразбира враќање на стрелките на часовникот за еден час назад. Ако останеме во летно сметање на времето ќе имаме 1 час подолг ден, но будењето наутро ќе биде во мрак за оние кои порано одат на работа.
извор: skopje24.com.mk