Една третина од македонските домаќинства сметаат дека нивната тековна финансиска состојба е влошена додека пак нешто под 60% сметаат дека истата е непроменета во однос на претходната година.
Според последниот извештај на НБРМ, околу 88 проценти од домаќинствата се во можност редовно да ги подмируваат сметките за комунални услуги, додека финансиската ситуација на само 28,4 проценти од домаќинствата им овозможува редовна отплата на кредитот и враќање на заемите. Само 18,5 проценти од домаќинствата се во можност да плаќаат закупнина за стан.
Прашани за потребниот износ на парични средства потребни за нормално да се помине месецот, дури 40 проценти од домаќинствата сметаат дека од 25.000 до 45.000 денари се доволни за тоа.
И покрај порастот на просечната плата, дури 60% од домаќинствата сметаат дека нивните месечни примања главно ил иво целост не ги задоволуваат нивните потреби.