Бројот на вработени во Македонија во последниве неколку години драстично се намалил.
Официјалните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2020 година бројот на вработени изнесувал 811 106 лица. Следната година забележано е намалување на бројот на вработени лица за над 16 илјади, но годинава е загрижувачко бидејќи согласно второто тромесечие бројот на вработени се намалил за 116 илјади лица во однос на 2020 година.
Стравувањата на бизнисот сега стануваат се поалармантни бидејќи ако продолжи ваквиот тренд во буквална смисла на зборот, ќе нема кој да работи во земјава.
2020 година
- вкупно вработени 811 106
- приватен сектор 620 121
- јавен сектор 190 985
2021 година
- вкупно вработени 795 087
- приватен сектор 594 243
- јавен сектор 200 844
2022 година
- вкупно вработени 694 376
- приватен сектор 514 458
- јавен сектор 179 918
Според анализираниот период во 2020 година во приватниот сектор во земјава работеле нешто над 620 илјади лица, годинава заклучно со јуни, бројот на работници кои се дел од реалниот сектор изнесува 514 илјади. Тоа претставува намалување на 105 илјади лица кои што биле дел од компаниите во македонското стопанство. Што се однесува до јавниот сектор нема големи промени на бројот на лица кои работат под државна капа.
Работодавачите сега дополнително се загрижени за своите компании, бидејќи велат дека висината на платата не е таа која одлучува дали македонскиот работник ќе остане да работи во земјава или ќе замине и ќе бара подобар живот во странство. Информациите со оваа проблематика велат дека, на најголемиот дел од невработените во државава им е потребна доедукација, и учење на нови вештини со цел прилагодување со новите технологии и машини по кои функционираат компаниите.