Швајцарската банка Credit Suisse објави дека ќе укине 9.000 работни места до крајот на 2025 година како дел од радикалната трансформација во обид да закрепне. Банката планира да го намали бројот на вработени од 52.000 на 43.000.
Credit Suisse се согласи да исплати „оштета“ за да избегне тужба за прикривање даночно затајување од страна на нејзините клиенти во Франција помеѓу 2005 и 2012 година.
Банката претходно соопшти дека нејзината капитална база и ликвидносната позиција се силни и побара од своите вработени да не го мешаат ова со падот на цените на акциите.
Како што се наведува, во центарот на проблемот е зголемувањето на кредитните обврски на банката на највисоко ниво во последните 14 години, додека цените на акциите на банката бележат континуиран пад во последните 12 месеци од 10 долари на 3,93 долари минатиот петок.
Credit Suisse ја нарече 2022 година „преодна“ година со промена на ставот, реструктуирање за да се намали преземањето ризик во инвестициското банкарство и да се зголеми управувањето со богатството.
Банката со седиште во Цирих ги отфрли шпекулациите дека може да биде купена или распуштена.
Швајцарската банка Credit Suisse, потресена од скандали, соопшти дека ќе укине 9.000 работни места до 2025 година како дел од радикалната трансформација на своето работење во обид да закрепне. Банката ја тресат скандали и неодамна се согласи да плати 238 милиони евра на Франција за да избегне кривично гонење за измама.