Пред 66 години, за првпат на југословенските патишта, почна да се вози бескрајно симпатичното возило „Застава 750“, или популарно наречено „Фиќо“.
Се разбира дека јас не го паметам првото „Фиќо“, но со сигурност знам дека цело соседство во рани 80’ имало по еден примерок. Сликата на бело фиќо е како спакуван кадар на југословенската носталгија.
Како почнала приказната?
На 18 октомври, 1955 година, во фабриката Застава во Крагуевац, првпат беше произведен првиот од вкупно 923.487 автомобили кои за многу брзо време станаа омилено превозно средство во поранешна Југославија. Овој автомобил кој се појави во време на индустрискиот развој во поранешните ју-простори, беше направен по лиценца на италијанскиот Фиат (или Тополино), по кој и го носи прекарот.
Лиценцираниот Fiat 600, со мали измени и варијации во производството остана таков до 18 ноември 1985 година, кога и е произведен последниот примерок. Погоните во Крагуевац одамна веќе не го прават ова малечко, симпатично автомобилче, но многу често по патиштата може да се забележи некој сочуван примерок кој многумина го возат и од сентиментални побуди.
„Фиќото“ не е само автомобил, тој е и симбол на младост, друго време, ретро споменик на многу генерации возачи.
Извор: vakataka.mk