На повеќето луѓе им е тешко да кажат „не“ затоа што се чувствуваат виновни што не помогнале и не се тимски играчи. Сепак, да се каже „да“ на сè и да се биде преоптоварен не е здраво, ниту пак ќе биде добро завршена работата. Неопходно е да научите како да кажете „не“ и да го подобрите вашиот севкупен квалитет на работа како и вашето ментално здравје, бидејќи тоа ќе ве направи вистински тимски играч.
Зошто е важно да знаете да кажете „НЕ“?
Кога ќе научите да кажете „НЕ“, ќе им покажете на колегите и на шефот дека не го кажувате затоа што не сакате да им помогнете, туку затоа што сте преоптоварени и не можете да преземете повеќе обврски во моментот. Не им помагате ако сте „изгорени“, во тоа бидете сигурни.
Оценете го моментот
Пред да дојдете до заклучок дека треба да кажете не, побарајте повеќе информации. Информирајте се за роковите, можностите и точно која би била вашата работа. Потоа, врз основа на овој дополнителен контекст, можете да одлучите дали можете да ја преземете задачата.
Со проценување на можноста, му покажувате на лицето од другата страна дека сакате да помогнете.
„Најпрво размислете, дали приоритетите можат да се променат или дали некој колега би можел да ви помогне со другите проекти. Не кажувајте „НЕ“ додека не сте сигурни дека треба“, велат експертите.
Знајте ги вашите приоритети!
Следењето на вашите приоритети ќе ви помогне да одредите дали можете да преземете дополнителни задачи.
Вашите соработници и менаџер ќе сакаат да имате јасна претстава за тоа кои активности ќе донесат најголем поврат на инвестицијата, па затоа е важно да им ги пренесете вашите приоритети.
Бидете директни и автентични
Ако некој ве замоли за помош, а имате премногу обрски, бидете искрени и кажете зошто велите НЕ.
Презентирајте алтернатива или решение
Да се каже „НЕ“ не секогаш значи да се откажена целата задача. Доколку не можете да ја завршите работата во моментот кога се бара тоа од вас, направете ја до крајот на работното време, до крајот на работната недела или во консултација со вашите колеги или шефот. Затоа, претставувањето алтернативи може да ви помогне и вам и на лицето кое бара помош.
Изградете доверба со вашиот тим
Ако кажете „да“ на сè ќе ги натера вашите шефови и колеги да веруваат дека можат да сметаат на вас во секое време.
Ваквиот начин на размислување ќе го натера вашиот шеф и колегите повеќе да ја ценат вашата работа. Ако имате премногу обврски, вашиот квалитет на работа ќе страда.
Заклучокот е следниот: Ако постојано работите или ја носите работата дома со вас, тогаш веќе немате здрава рамнотежа помеѓу работата и животот. Ова исто така може да предизвика да создадете негативна работна средина.