Приватниот превозник на автобускиот градски превоз најави дека е можно од утре да не сообраќаат на линиите 19, 20,22, 52 и 54 поради неисплатен долг.
Поради неподмирените долгови од страна на ЈСП, се доведува во прашање нормалното функционирање на јавниот превоз. Имено, моменталниот долг на ЈСП кон претпријатието Макекспрес превоз до овој момент изнесува повеќе од 30 милиони денари и овој долг секојдневно расте, линиите 19, 20,22, 52 и 54 од утре најверојатно нема да бидат функција.
Бара исплата на долгот за август, септември и октомври и да се почне со редовна исплата на неделните аконтации за извршен превоз.
„Макекспрес“ врши превоз на патници на линиите 19, 20, 22, 52 и 54. Имаат регистрирано 53 фирми и вкупно 77 возила.
извор: skopjeinfo.mk