Фан страна на Facebook се користи за измама на македонски граѓани. „Зделка шопинг“ спонзорира објава според која, за само 120 денари добивате скапа правосмукалка.
За да бидат поубедливи во коментарите под објавата преку лажни профили се пишува за „успешни приказни“ односно за луѓе кои веќе ја добиле оваа правосмукалка.
Страната „Зделка шопинг“ е креирана пред само 4 дена, односно на 24 октомври. Коментарите кои доаѓаат од „задоволните корисници“ се од профили кои практично и немаат никаква активност, што индицира дека станува збор за лажни профили.
Кога ќе го кликнете линкот ќе бидете редиректирани на страна што има лого од Амазон но кога ќе ја видите веб адресата ќе ви стане јасно дека станува збор за лажна страна.
Таму добивате анкета со 3 прашања и кога ќе ги одговорите избирате меѓу неколку кутии и во вториот обид добивате награда правосмукалка. За да ја добиете ќе треба да оставите податоци и да уплатите 123 денари од вашата картичка. Кога ова ќе го направите, сметајте дека ви украле 2 евра.
извор: press24.mk