27-годишниот Мартин Саздов - Сакса од Свети Николе е еден од најпознатите македонски е-спорт играчи, а неодамна заедно со неговиот тим „Tundra Esports“ успеа да го освои трофејот на Светското првенство во Дота 2.
Светското првенство се одржа во Сингапур, а тимот ја освои титулата, победувајќи го „Team Secret“ со резултат 3-0 во финалето кое се одржа вчера, на 30-ти октомври.
Светското првенство во Дота 2, познато и како „The International“ има неверојатен фонд за награди, а оваа година истиот изнесуваше речиси 19 милиони долари. Светскиот првак, во овој случај „Tundra Esports“ добива 8,5 милиони долари, а според проценките, Мартин од овој турнир заработил 1.765.000 долари, што е негова најголема заработка од 2015 година.
Ова е најголем успех за најдобриот македонски играч во Дота 2, но и досега најголемото достигнување на било кој македонски е-спортист.
Тунелот Муриз, дел од автопатот „Патот на Арбр“, ќе биде отворен за сообраќај на 14 март, со што од граничниот премин „Блато“ кај Дебар до Тирана ќе се стигнува за еден час.
Во динамичното темпо на современиот живот, особено во урбаните средини, спонтаното патување често се смета за предизвик. Потребата од детално планирање, организација на сместување и транспорт, како и финансискиот аспект, може да ја намали авантуристичката возбуда.
Франција е земја со прекрасни градови, села и пејзажи, погодна за секој вид туристи, но наскоро би можела да ја загуби својата водечка позиција меѓу најпосетуваните држави во светот.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини активно работи на воведување системски решенија кои ќе ја зголемат заштитата на граѓаните и ќе обезбедат поголема транспарентност и контрола врз мерењето на потрошената енергија. Во таа насока, министерката Божиновска бара во најкраток можен рок, Бирото за метрологија да ја стави во функција софистицираната опрема за тестирање и верификација на броилата, која поради неажурност во претходните години останала неискористена и не била ставена во функција.
Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде