![Викендов дожд и пад на температурите](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/1d/147b04d1-resize-820x0x100.jpg)
За време на викендот ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, најавуваат од УХМР.
Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни, над 35 литри на метар квадратен, особено утре во ноќните часови и во недела претпладне. Утре ќе дува засилен, повремено силен ветер, над 65 километри на час од југоисточен правец.
В недела ќе има значително намалување на дневните температури. Од понеделник времето ќе биде стабилно со утринска магла по одделни котлини.
Извор: brif.mk