Учебната година започнува денес. Првиот училишен ден е возбудлив за сите, но најмногу за првачињата кои за прв пат седнуваат во училишна клупа.
Според Законот, на секој вработен му следува право на слободен ден за време на првиот училишен ден на своето дете.
Согласно член 28 од Општиот колективен договор за јавниот сектор, работникот има право на платен одмор од еден ден за првиот ден на училиште на своето прваче.
Од Министерството за труд и социјална објаснуваат дека ова отсуство, согласно колективниот договор, како и сите останати случаи на платен одмор заради лични и семејни околности, се остварува без оглед на барањата на процесот на работата и се користи во деновите на основот.
Прочитајте и: Што значи неплатен одмор и кој има право на истиот?