Лифтот е сојузник кога се оди на интервју за работа. Сигурно се прашувате зошто? Во прилог на текстот е објаснувањето:
Во него се елиминираат многу надворешни фактори кои инаку ви го одвлекуваат вниманието, па можете да земете длабок здив, да ги проверите податоците внесени во распоредот, да ја средите косата, да размислите за вашите мотиви за вработување и да земете уште еднаш длабок здив пред да се отвори вратата за влез во својот нов предизвик со поголема самодоверба.
Иако се чини дека возењето со лифт е кратко, сепак е доволно долго во однос на времето доколку нешто што треба да биде од интерес за другата страна се прикаже концизно и конкретно. Овој сè попопуларен начин на давање кратка и концизна презентација е познат како “elevator pitch”.
Извинете, каде е лифтот?
Пристигнувате на адресата, на закажаното интервју за работа. Зграда на четири ката, големо црвено и сино лого. На рецепција, портир кој ве распрашува која е причината за посета на компанијата.
Се претставувате и го земате распоредот за да го проверите името на личноста што ве повикала на интервјуто. Вратарот ве упатува до лифтот и одите на првиот кат каде што ќе ве чека можеби вашиот иден колега.
Првиот кат е блиску и додека го чекате лифтот, гледате уште еднаш да го проверите името на личноста, а во лифтот го гледате својот одраз во огледалото за да ја проверите фризурата, бидејќи - првиот впечаток и првото ракување е само едно и тој впечаток значително го одредува натамошниот тек на соработката.
Првото интервју обично не е единственото и затоа треба да му се пристапи како средба со цел да се соберат информации што ги немаат за вас од вашето CV и во исто време и вие ги немате за нив од достапни извори. Така покажувате подлабок интерес за компанијата.
Првото интервју помина добро, но што правите кога стигна поканата за второто интервју? Овој пат на вториот кат.
Втор кат, уште малку време во лифт за размислување за потенцијалните теми за друг разговор. Најчесто тоа се теми за справување со стресот, разгледување на хипотетички ситуации, гледање на вашите реакции на (не)пријатни работи и слично, затоа што - каква и да е компанијата во однос на имиџот, активностите, сопственоста итн. е составена од луѓе кои се различни во секој поглед. Малку руменило на образите и/или забрзан пулс е сосема нормално на овие состаноци, тоа значи дека сте активен учесник и дека се грижите. Попатно се грижите реакциите да бидат максимално објективни во согласност со околностите.
И вториот разговор помина добро.
Следува третото интервју, на третиот кат!
Возењето до третиот кат трае најдолго, а растојанијата меѓу катовите ви изгледаат како возење меѓу две станици за јавен превоз со сите црвени светла на семафорите, нема начин да стигнете до таму. Првото интервју беше добро, излеговте од зоната на удобност во второто , но, што е со третото? Дали сега се преговара за условите за работа? За платата? За плановите во иднина?
Третото интервју е (најчесто) резиме на веќе кажаното со акцент на најважните точки, проверка на условите за вработување, договор за отпочнување со работа на нова позиција... Но, предизвиците сé уште не се завршени.
Понудата може да ве изненади на два начина - пријатно и непријатно.
Во ред е ако веднаш се согласите, но во ред е и ако им се заблагодарите за довербата и побарате малку време и добро да размислите за сé.
Ја прифаќате понудата, контактирате со работодавачот и еве сте за две недели кога ќе го имате првиот ден на работа.
Што има на четвртиот кат? Веројатно по некое време ќе дознаете дали за разговор на четврти кат се користат лифтот, долгите скали и колку има...
Со какви предизвици се соочивте? Дали користите друг начин за исклучување и собирање на мислите? Дали некогаш сте се почувствувале „заглавени“ и сте посакале да има копче за аларм како во лифт?