Околу 20.000 вработени во здравствениот сектор од септември ќе добијат покачување на платата за 5 проценти.
За ова зголемување од буџетот се обезбедени 469 милиони денари, а истото нема да ги опфати матичните лекари.
Од Синдикатот на Клинички центар ова зголемување на платите за само 5 проценти е неприфатливо ако биде единственото покачување до крајот на оваа година.
Тие бараат до крајот на 2018 да има дополнително зголемување на платата.
Поради некои административни пречки, нерешена останува исплатата на околу 100 приватни специјализанти кои се’ уште не почнале да добиваат компензација. Заостанатите средства од мај ќе бидат исплатени откако ќе се надминат овие пречки.