Три типа на монети од две евра се особено популарни меѓу колекционерите, а тоа се монети кои доаѓаат од мини-држави: Андора, Монако, Сан Марино и Ватикан. Се произведуваат во помала количина, поради што вредноста им е поголема.
Австрискиот портал heute.at објави дека монетата од 2 евра наводно се тргува на Ebay за речиси 1500 евра. Станува збор за монета со амблем на белгискиот крал Алберт II, која има грешка при печатењето.
Инаку, најскапата специјална монета е онаа од 2007 година по повод годишнината од смртта на Грејс Кели. Вкупно има само 20.001 примерок, а вредноста на паричката е околу 3.000 евра. Сепак, на Ebay таа цена е уште поголема, додека на интернет се појавуваат информации дека вредноста на паричката со ликот на Грејс Кели се искачува и до 4.495 евра. Најчести грешки на монетите се: неправилен формат, неточен натпис, неточен раб или таканаречени „пржени јајца“, каде што внатрешната страна е повисока од надворешниот раб. Монетите со грешки се продаваат на аукции за неколку илјади евра.
извор: faktor.mk