![Следува промена на времето- Подгответе се!](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/f5/d821dd5f-resize-820x0x100.jpg)
Повремени врнежи од дожд ќе има утре кон крајот на денот и во четврток. Утринските температури утре ќе се движат од 1 до 7 степени, а дневните од 9 до 17 степени.
Во Скопје утринската температура ќе достигне до 5 степени, а дневната до 13 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Во сабота во текот на ноќта и во недела под влијание на нов влажен бран се очекуваат пообилни врнежи од дожд. И во следните денови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, информираат од УХМР.