Во Италија како медицинска сестра - техничар, може да заработите од 21. 000 до 23. 000 евра годишно. Медицинска сестра е една од најбараните професии за работа во Италија и Германија.
На огласите се нуди работа на оваа позиција во Северна и Централна Италија, во установи за грижа на стари лица, но работодавачите нагласуваат дека не станува збор за ковид центри.
Медицинските сестри- техничари во установите за продолжена нега на стари лица, имаат централна, одговорна и самостојна улога, така што покрај беспрекорната техника, потребно е да поседуваат и исклучителни организациски вештини. Во овие случаи медицинските сестри не се негователки и не се задолжени за хигиената на пациентот, туку се клучни личности во спроведување на терапија и организација на работата, се наведува во огласите.
Потребна е Диплома од општ смер или стручна медицинска школа, положен државен испит за медицинско образование, но искуството не е пресудно.
Работодавачите ја средуваат работната виза и организираат бесплатни курсеви по италијански јазик. Во првите месеци е обезбедено бесплатено сместување.
извор: skopjeinfo.mk