Вкупно 174 поплаки до Народниот правобранител за високи сметки за електрична енергија на печалбари. Иселеници од западниот регион во земјава кои со месеци не живеат во своите домови добиле сметки од повеќе илјади денари. Од ЕВН велат дека паушалните сметки доаѓаат доколку се случи да не е прочитано броилото, за што се фактурира претпоставена вредност како просек од потрошувачката во последните 12 месеци, корисникот може да го достави статусот на броилото по што ќе се направи корекција...
Иселениците од југозападниот и северозападниот регион во земјава, кои не живеат во домовите добиле превисоки сметки за струја. Од шест до десет илјади денари месечно за потполно празни куќи, каде не свети ниту сијалица, велат е неприфатливо.
Печалбарите велат не потрошиле ниту киловатчас струја, а месечните сметки од август до октомври им биле неколку илјади денари.
Од ЕВН велат дека паушалните сметки доаѓаат доколку се случи да не е прочитано броилото, за што се фактурира претпоставена вредност како просек од потрошувачката во последните 12 месеци, корисникот може да го достави статусот на броилото и да пријави состојба при што надлежните служби ќе ги направат соодветните корекции.
извор: mrt.com.mk