Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) за прв пат одобри производи од лабораториски култивирано месо од животински клетки како храна за луѓе, објави агенцијата.
UPSIDE Foods, компанија која произведува клеточно култивирано пилешко месо преку собирање клетки од живи животни и користење клетки за култивирање месо во резервоари од нерѓосувачки челик, ќе може да ги пласира своите производи на пазарот откако истите беа прегледани од Министерството за земјоделство на САД (УСДА), стои во соопштението на ФДА.
„Светот доживува прехранбена револуција и ФДА е посветена на поддршката на иновациите во понудата на храна“, објавија службеникот Роберт М. Калиф од ФДА и Сузан Мејн, директорка на Центарот за безбедност на храна и примената исхрана при ФДА.
ФДА во докуметацијата која ја објави синоќа истакна дека ги прегледала сите податоци на компанијата и дека нема понатамошни прашања околу заклучокот на истата дека нејзиниот производ е безбеден за консумирање од страна на луѓе.
„Воодушевени сме од објавата на ФДА“, преку е-порака изјави Дејвид Кеј, комуникациски директор во UPSIDE Foods. „Овој историски чекор му отвора пат на нашето пробивање до пазарот“.
Фармите со крави се едни од најголемите загадувачи, а проценките велат дека бројот на човечко население во наредните 50 години ќе порасне до 10,5 милијарди. Поради тоа, наоѓањето нови и еколошки начини за обезбедување исхрана за населението е еден од најголемите предизвици на човештвото.
Извор: kajgana.com