И претходно се споменувало дека Венеција до 2100 година ќе биде под вода, а некои од експертите сметаат дека таа тоне како последица на климатските промени.
Еден од најубавите градови на светот, сместен во лагуна на северот од Јадранското море и изграден на 117 помали островчиња, преполн е со романтични канали. Венеција е посебна баш поради тие водни улици без кои е незамислива.
Венеција тоне со брзина на еден или два милиметри годишно, а доколку продолжи со тоа темпо наредните 20 години ќе потоне околу осум сантиметри. На потопувањето на градот влијаат и промените на тектонските плочи.
Во текот на 20-тиот век Венеција потонала околу 120 милиметри.
Според градската служба за следење на плимата на нивото на морето околу Венеција, таа е 10 сантиметри повисока отколку што била пред 10 години. Проблемот настанува поради тектонското спуштање на тлото, како и поради зголемувањето на нивото на морето поради климатските промени.
Комбинацијата на овие два фактори довела до моменталната ситуација, а голем проблем прават и крузерите на кои до неодамна им било дозволено да пријдат преблиску до градот.
Се преземаат низа мерки кои би требале да помогнат Венеција да остане над водата, а доколку тоа не се случи тогаш градот би можел да исчезне.
Инаку, од 16 јануари наредната година за да влезете во Венеција ќе мора да си купите карта, исто како да одите во некој музеј.
На тој начин Венеција сака да се заштити од прекумерниот број на посетители поради тоа што тоа на самите туристи им го оневозможува обиколувањето на градот, а на жителите секојдневниот, нормален живот.