Проектот се подготвува подолго време и произлегува од поплаките, коментарите и сугестиите на нашите државјани во странство и дијаспората. Преку него се овозможува далеку полесен пристап до конзуларните услуги: од барањето за одредена конзуларна услуга, па се до издавањето на документот – се внесува јасна временска и системска предвидливост и се штедат средства.
Наместо да доаѓаат до нашите дипломатско - конзуларни претставништва и да ги поднесуваат апликациите, сега тоа ќе можат да го сторат преку интернет, преку своите мобилни телефони, а за некои од побараните документи, многу наскоро ќе можат и да ги добијат по пошта назад, со што би се скратиле дури две патувања до нашите претставништва.
Целиот процес ќе се одвива електронски, вклучително и добивањето на термин и плаќањето на конзуларната услуга, а меѓу услугите на Е-KOНЗУЛАТ се аплицирање за нов пасош, за патен лист, добивање потврда за државјански статус, потврда од казнена или кривична евиденција, изводи од матични книги, потврда за иста личност, спроводница, уверение за слободна брачна состојба, но и термин за други конзуларни услуги во нашите дипломатско-конзуларни претставништва.
извор: bankometar.mk