Германската авиокомпанија Луфтханза планира да вработи 20.000 работници по закрепнувањето на воздухопловниот пазар од пандемијата на коронавирус, објави компанијата.
„Планираме да отвориме 20.000 нови работни места во Европа. Некои од нив се целосно нови работни места, а некои се работни места кои останаа празни за време на пандемијата на коронавирус“, објави Луфтханза.
Германската авиокомпанија отпушти триесет илјади вработени за време на пандемијата на коронавирус. За време на пандемијата, Луфтханза доби помош од државата, која оттогаш ја вратиле во целост. Во септември оваа година, Луфтханза вработиле над 108.000 луѓе ширум светот.
Во моментов Луфтханза првенствено бара вработени во центрите во Франкфурт, Минхен, Цирих, Виена и Брисел, а пред сѐ се работи за техничари, ИТ експерти, адвокати, пилоти и кабински персонал.
извор: kanal5.com.mk