Најавена е промена кај втората и третата блок тарифа за електрична енергија од 1 јануари идната година!
"Потрошувачката е значително намалена, а не сум слушнал ни поплаки на граѓаните за висината на сметките, затоа што воведовме правичен концепт за тие што ќе штедат да платат помалку, а тие што имаат можност и трошат, да платат повеќе и да ги покриваат и овие што штедат за да имаат пониска цена на електрична енергија“, изјави министерот.
Тој посочи дека се прават калкулациите од 1 јануари, при што нагласи дека не се предвидува да има значително зголемување на електричната енергија, посебно за домаќинствата и за малите потрошувачи.
Тој рече дека за четвртата блок тарифа ќе се залага уште повеќе да се зголеми, со цел да биде покриена цената на оние што имаат потреба, од тие што трошат нерационално, а со тоа можат да го сносат тој товар.
извор: bankometar.mk