Management Solutions – компанија која работи на проекти и обезбедува консултантски услуги во доменот на HR и business development за македонски и странски компании, ве поканува со учество на првиот од серијата проекти наменет за македонската HR и бизнис заедница
Следејќи ги современите трендови на развој на човечки ресурси, согласно потребите на македонскиот пазар, огромно задоволство ни е да ви ја претставиме програмата за обука „Инклузија на жените во работните процеси” во соработка со „Проектот Образование за вработување„!
- Траење на програмата: 3 месеци
- Почеток на програмата: 1-ви декември 2022 година
- Крај на програмата: 16-ти февруари 2023 година
За време на програмата секој учесник проследува:
- 3 настани на темата – настаните ќе се спроведат во живо и ќе бидат реализирани на 1-ви и 15-ти декември, 26-ти јануари
- 3 работилници со практични case studies - работилниците ќе се спроведат во живо и ќе бидат реализирани на 2-ри, 9-ти и 16-ти февруари
- 1 коучинг сесија со HR консултант и коуч
- Посета на компании со современи практики кои ќе ја споделат својата методологија за имплементирање на проекти на темата на проектот
- Консултантска сесија со цел анализа на компаниските предизвици и совети и насоки од страна на HR консултанти за конкретни компаниски прашања и предизвици
- Сертификат за успешно комплетирано учество на тренинг програмата
- Прирачник од тренинг програмата
- Networking можност и размена на контакти, совети и практики со заедницата
За учество на програмата задолжителна е претходна регистрација. Бројот на учесници е ограничен на 30 учесници и ги замолуваме сите што сакаат да бидат дел од програмата да го пополнат формуларот на следниот ЛИНК.
Програмата има за цел обука и тренинг на професионалци од oбласта на HR сферата, HR менаџери, регрутери, оперативни менаџери на компании, како и сопственици на компании на тема диверзитет и инклузија на работното место.
Се работи за тримесечна интерактивна програма која опфаќа практична обука на различни теми поврзани со диверзитет и инклузија на работното место. Посебно значаен аспект од програмата е презентација и креирање на добри практики за инклузија на жените на работното место.
Главните теми кои се дел од програмата се следниите:
- Diversity and inclusion of women in the workplace
- Gender Bias in the recruitment process
- Gender Bias in the decision of promotion of women in the workplace
- Women in the Workplace – research, good practices and case studies
- Women in Tech
- How HR can help with the inclusion of women in the workplace
За времетраењето на програмата секој учесник добива приватни coaching сесии, како и посета на компании кои применуваат најсовремени практики за инклузија на работното место.
Програмата ќе ја водат HR консултанти на Management Solutions, HR консултанти на Vrabotuvanje HR Solutions, искусни HR професионалци од различни индустрии и компании, претставници на компании кои имаат добри практики и имаат имплементирано програми за диверзитет и инклузија своите компании.
На учесниците ќе им биде доставена детална агенда на настаните и локација на одржување на тренинг сесиите и активностите кои се дел од програмата.
За повеќе информации, контактирајте не на managementsolutionsdoo@gmail.com или на телефонскиот број 075 334 530
Ги очекуваме вашите пријави!
*Учеството во програмата е без котизација