Црногорската програма за доделување државјанства на инвеститори постепено ќе се укинува поради загриженоста на Европската унија (ЕУ), се наведува во извештајот на Европската комисија. Во прашање е извештајот на ЕК за проценка на ризикот од перење пари и финансирање тероризам кои влијаат на внатрешниот пазар и се однесуваат на прекугранични активности. Извештајот е објавен на веб-страницата на Советот на ЕУ.
„Шемите за државјанство за инвеститори од трети земји со безвизен пристап до ЕУ се зголемија во последниве години“. Што се однесува до земјите кандидати за безвизен режим во соседството на ЕУ, Црна Гора моментално води шема за државјанство на инвеститори (која постепено ќе биде укината поради загриженоста на ЕУ), Северна Македонија се повеќе дава државјанство на инвеститори, а Албанија најави планови за воспоставување шема за државјанство на инвеститори е во извештајот на Европската комисија.
Се нагласува дека програмите за државјанство и престој за инвеститорите создаваат голем број ризици за земјите-членки и за ЕУ како целина: особено безбедносни ризици, вклучително и можноста за инфилтрација на криминални групи, како и ризици од перење пари, корупција и даночно затајување.
„Исто така, постои загриженост за недостигот на транспарентност и управување со шемите. И програмите за државјанство и престој се под лупа на јавноста по наводите за злоупотреба и корупција поврзани со нив во некои земји-членки. „Понатаму, постапката за проверка на кандидатите може да се препушти на приватни компании, каде што постои постојан ризик од конфликт на интереси и корупција“, се вели во извештајот.
Во редовниот годишен извештај за Црна Гора од октомври годинава, Европската комисија потенцираше дека треба да се прекине програмата за економско државјанство, бидејќи таа „шема претставува ризици како што се перење пари, даночно затајување, финансирање тероризам, корупција и инфилтрација на организиран криминал.