Од Јавното Претпријатие Водовод и Канализација известуваат дека денеска, 28.11.2022 година (понеделник):
- поради штопирање на стара мрежа Ф-75 мм на ул. 7 бб (до мостот) во с. Љубанци, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од с. Љубанци, во време од 10:00 часот до санирање на дефектот (о. Бутел)
- на ул. Гвадалахара бб (кај резервоарот Шуто Оризари), ке се санира уличен дефект од Ф-2“ и Ф-300 мм, а со прекинато водоснабдување ќе останат корисниците на улиците: Иљо Војвода и дел од Бутелски Венец од 09:00 часот до завршување на дефектот (о. Шуто Оризари).
Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека денеска (понеделник) поради технички зафати во мрежата без електрична енергија ќе останат следните корисници:
- во време од 08.00 – 15.00 часот дел од ул. Благоја Мучето (о. Аеродром);
- од 08.25 – 15.00 часот дел од ул. Христо Татарчев бр. 22 (о. Кисела Вода) и
-од 09.00 – 14.00 часот дел од с. Волково кај црквата (о. Ѓорче Петров).
извор: skopjeinfo.mk