Поради тоа што денеска има висока делегација од Германија, на чело со претседателот Штајнмајер, приватните превозници одлучија синоќа да се повлечат од пред „Мавровка“ и да ја одблокираат крстосницата. Сепак од „Слобода превоз“ велат дека доколку до петок не биде постигнат никаков договор, тогаш ќе ги блокираат сите крстосници.
Според него, точно кои се крстосници и фрекфентни улици и булевари ќе бидат блокирани во петок, ќе се знае откако претставници на приватните превозници ќе се договорат и ќе одлучат кои се чекори ќе ги превземат понатаму. Сепак, како што истакна Јовановски, граѓаните за секоја нивна одлучат ќе бидат навремено информирани.
– Возачите на автобусите се револтирани. Првиот човек на „Слобода превоз“ вели и дека и покрај сите тврдења, тие како групација поседуваат 131 автобус, а приватните превозници од „Макекспрес“ пак располагаат со 77 автобуси.