Под поимот работно време се подразбира времето во кое работникот работи и ги извршува своите работи и работни задачи согласно со закон, колективен договор и договорот за вработување.
Со уредувањето на работното време се обезбедува потребниот труд за исполнување на предвидените работи, а од друга страна се овозможува заштита на работниците од предолгото траење на работниот ден, што штетно би влијаело врз нивното здравје и оневозможување на слободното време, кое работникот би го користел за својот личен живот и за задоволување на своите лични потреби.
Согласно член 24 од Општиот Колективен договор за приватен сектор од областа на стопанството, основната плата на работникот се зголемува по час најмалку за:
- Прекувремена работа - 35%
- Работа ноќе - 35%
- Работа во три смени - 5%
- Работа во ден на неделен одмор - 50%
За работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата, што му припаѓа кога во тие денови не работи и плата за поминатите часови на работа зголемена за 50%. Додатоците меѓусебно не се исклучуваат.
Правото на зголемен надоместок по основ на работа во три смени, работникот го остварува само за ефективно поминато работно време, во смени.
НАПОМЕНА: Основната нето плата на работникот, се зголемува за 0,5% за секоја година работен стаж.