Доста Андоноска од Кичево, којашто блиските и пријателите ја нарекуваат Доли е прекрасна енергична жена, стечаен работник од „Кичево Пром“, денес пензионерка, сопруга, мајка и баба.
Нашата добитничка дојде во просториите на Државна лотарија со електронската потврда од уплатата на нејзините среќни броеви. Добивката е потврдена, Доста е нашата 27-ма лото милионерка.
Потоа е остварена средба и со генералниот директор на Државна лотарија во срдечен разговор, при што дознавме дека таа игра повеќе од 45 години, и неуморно верува во среќата. Последните години ги игра истите 4 комбинации, а еднинствено ја менува 5-тата, токму таа којашто ѝ ја донесе 7-ката, велат од Државна лотарија.