Денеска на состанок Регулаторната комисија за енергетика ќе носи одлука во врска со новите цени на горивата кои ќе важат од вечерва по полноќ.
Дали ќе има зголемување или намалување на цените на нафтените деривати, останува да видиме во текот на денот, по што ќе информираме дополнително, веднаш по завршувањето на состанокот на надлежните.
Овие се актуелните цени на горивата:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 84,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 82,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,810 (денари/килограм)