На декларацијата на приготвеното јадење макарони и сирење на компанијата „Kraft Heinz“ пишува дека се потребни само три и пол минути за подготовка. Сепак, една жена од Флорида вели дека тоа не е точно и ја тужи компанијата за 5 милиони долари.
Аманда Рамирез поднела тужба против прехранбената компанија Kraft Heinz поради нивниот производ Velveeta Shells & Cheese, тврдејќи дека јадењето трае подолго од наведеното на етикетата.
Упатството вели да го чувате во микробранова печка три и пол минути. Но, адвокатите на Рамирез наведуваат дека во тоа време, другите чекори потребни за подготовка на тестенините не биле вклучени: отстранување на капакот и тавата, додавање вода, мешање ...
Поради тие дополнителни чекори, невозможно е да се направи јадење за само три и пол минути.
Компанијата „Kraft Heinz“ ја отфрли тужбата како „несериозна“.