![Утре без струја дел од корисниците од општините Сарај, Карпош, Кисела Вода, Гази Баба и Аеродром](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/b9/dec9399b-resize-820x0x100.jpg)
Од ЕВН Македонија АД соопштија дека прекин на електричната енергија денеска ќе имаат дел од корисниците од општините Сарај, Карпош, Кисела Вода, Гази Баба и Аеродром.
- Оттаму посочија дека прекин на електричната енергија, во периодот од 08.30 до 10.30 часот, ќе имаат корисниците корисниците од дел од с.Глумово, Шишево и Матка.
– Во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од дел од с.Бардовци- место викано Село, во периодот од 08.30 до 14.00 часот, корисниците од ул.Киро Фетак (од крстосницата со ул Иван Мажураниќ до крстосница со ул. Иван Хаџиниколов), и дел од ул. Иван Мажураниќ, во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од ул.Финска, во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Жеглање и во периодот од 08.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Митре Влаот од бр.1 до бр.9, ќе имаат прекин на електричната енегија, додадоа од ЕВН.