На 01.12.2022 се спроведе првиот од серијата настани кои се дел од програмата “Инклузија на жени во работните процеси” чија тема беше “Креирање на Next Generation жени менаџери и промоција на диверзитет”.
Цели на овој настан беа:
- Стекнување на знаење во однос на темите Диверзитет и Инклузија
- Запознавање со практики кои ја зголемуваат инклузијата на жените во работните процеси
- Учење на начини на поддржување на млади жени менаџери
- Да се научат техники за менторирање на жени на лидерски позиции
- Стекнување на знаење како HR може да придонесе за инклузија на жени во male-dominated индустрии
- Разбивање на предрасуди околу поделбата на професиите на машки и женски
Настанот се одржа во IT хабот Netaville на Netcetera - Software matters.
Netaville е средина која го стимулира развојот на локалната тек-сцена, поддржува ИТ настани и споделување знаење.
Учесници на програмата, а воедно и на настанот беа група од 46 професионалци од oбласта на HR сферата, HR менаџери, регрутери, оперативни менаџери на компании, како и сопственици на компании. За сите учесници беа обезбедени материјали за програмата вклучувајќи папка, нотес и прирачник за проектот. Исто така за секој учесник беше обезбедено кафе, вода и ручек.
ТЕК НА НАСТАНОТ
ОТВОРАЊЕ НА НАСТАНОТ И ВОВЕДНИ ПРЕДАВАЊА
Настанот го отвори Дарко Велков – сопственик на Management Solutions, Vrabotuvanje Hr Solutions и VRABOTUVANJE.COM со инспиративен говор на темата. Понатаму, се обратија директорката на одделот за бизнис и развој на Management Solutions Ирена Ѓоршев и Анита Јанчевска- менаџер за организациски консалтинг и HR консултант во Management Solutions. Тие ја претставија програмата и нејзината цел и дадоа вовед во темата која ќе биде опфатена низ серијата настани кои следат. Во форма на интерактивно предавање ги опфатија темите:
- Дефинирање на поими: Диверзитет и Инклузија;
- Презентација на најнови истражувања во однос на диверзија и инклузија;
- Мисијата и придобивките на компаниите од инклузија на различни групи во работните процеси;
- Улогата на HR во инклузија на жени и нивно менторирање за креирање на next generation жени менаџери;
- Споделување на лични примери и компаниски практики на темата.
Прва говорничка на настанот беше Виолета Вукелиќ – Менаџер за човечки ресурси во Мајорел, со 17 годишно работно искуство исклучиво во HR сферата. Сите овие години посветени на различните HR аспекти во интернационални компании во различни индустрии и тоа банкарството, малородажбата, производство и моментално дел од тимот на Majorel Скопје.
Таа ги опфати темите:
- Како се менуваше HR низ декадата;
- Како HR може да придонесе за инклузија на жени во male-dominated индустрии;
- Како успешно се инкорпорирани жени во производствена индустрија доминирана од мажи
- Претставување на различните програми за инклузија и диверзитет кои веќе активно се спроведуваат во Majorel
На крајот од нејзиното излагање, се спроведе Q&A сесија со прашања од останатите учесници.
По предавањето на Виолета, за сите учесници имаше пауза со обезбедено кафе.
ПАНЕЛ ДИСКУСИИЈА
По кафе паузата, се одржа панел дискусија. Тема на оваа панел дискусија беше: Млади жени менаџери под 30 години. Говорничките најпрво се претставија со своие досегашни работни искуства и кариерен пат до моменталната позиција, а пoтоа разговараа за нивните предизвици и лични искуства како жени менаџери.
Модератор и учесник на панел дискусијата беше Анита Јанчевска - Менаџер за организациски консалтинг, останатите учеснички беа младите менаџерки од повеќе компании.
Во текот на дискусијата споделуваа свои видици на следните прашања:
- Како компаниите може да креираат поинклузивна средина за вработените?
- Кои се најчестите стереотипи во однос младите менаџери/жени менаџери?
- Кои сметате дека се најголемите бариери со кои се соочуваат младите жени на работните места?
- Дали има некои психолошки негативни мисли/верувања кои ви влијаеле на професионалниот развој?
- Како жените може да се поддржат и инспирираат меѓусебно на работното место?
- Кој совет би им го дале на HR менаџерите кои во иднина треба да креираат next generation на жени менаџери? Како да ги поддржат во процесот?
По завршувањето на панел дискусијата, се спроведе Q&A сесија со прашања од останатите учесници.
По Q&A сесијата, имаше пауза за ручек на која за сите учесници беше обезбеден топол оброк.
ЗАВРШНО ПРЕДАВАЊЕ
Во завршниот дел од настанот, се претстави говорничката Маја Керамитчиева со излагање на тема Жените во ИТ Индустријата. Маја e Talent Acquisition Specialist во Intertec.io и Коуч за личен развој преку НЛП алатките. Шест години има искуство во областа на Човечки Ресурси во IT индустријата доминантно во полето на регрутација. Во нејзината презентација ги опфати следните теми:
- Жени во ИТ Индустрија
- Како ИТ компаниите можат да креираат поинклузивна работна средина
- Како можат жените да се поддржат и инспирираат меѓусебно во male-dominated средина
- Како да креираме жени лидери во ИТ Индустија?
По завршувањето на излагањето на Маја Керамитчиева, се спроведе Q&A сесија со прашања од останатите учесници.
Настанот заврши со Networking помеѓу HR професионалците кои беа дел од настанот.
Во рамки на проектот предвидени се уште 2 вакви настани на сродни теми, после кои ќе следуваат и 3 работилници за учесниците во кои ќе се анализираат реални ситуации од работните места и компаниите и ќе се креираат нови практики. За секој учесник на програмата следува 1 коучинг сесија за личен и професионален развој, а дополнително предвидени се и посети на компании кои се подготвени да ги споделат своите практики.
Доколку сакате во иднина да учествувате на ваков тип на настани, пријавете се на следниот линк.