Дали некогаш сте се запрашале што вашите колеги прво забележуваат на вас кога ќе дојдете на работа, без оглед дали штотуку сте започнале со оваа работа или работите веќе некое време?
Верувале или не, првиот впечаток за вас го стекнуваат врз основа на вашата коса.
Истражувањата покажаа дека 73 проценти од испитаниците сметаат дека косата или фризурата е таа која остава впечаток каков е некој на работа и во професионалниот однос.
Исто така, се покажа дека црвенокосите жени колегите и работодавците ги сметаат за помалку професионални, за разлика од останатите.
Жените кои ја врзуваат косата во репче или ја тргаат од лицето се сметаат за доста поефикасни кога станува збор за работата од оние кои доаѓаат на работа со пуштена коса.
denar.mk