Британското здравствено регулаторно тело денеска даде дозвола за употреба на верзија на вакцината против Ковид-19 кај доенчиња и деца на возраст од 6 месеци до 4 години, направена од Фајзер и Бионтек.
Дали вакцината ќе се користи во таа возрасна група зависи од препораката што треба да ја даде Заедничкиот комитет за вакцинација и имунизација на Обединетото Кралство (JCVI), кој советува кои вакцини се користат како дел од националната програма за вакцинација, пренесува Ројтерс.
Британската регулаторна агенција даде дозвола за употреба на вакцината врз основа на податоците од тековното клиничко испитување во кое беа вклучени 4.526 учесници.
извор: lokalno.mk