Станува збор за Светското првенство во фудбал и евентуалната победа на репрезентацијата на Англија. Jaguar вели дека секој што ќе купи нов Jaguar автомобил ќе добие уште еден на подарок под услов Англија да биде светски шампион.
Со секој нов успех, клиентите на Jaguar се поблиску до скап подарок. Во исто време обложувалниците малку го намалуваат коефициентот, па сега според нив шансите Англија да стане светски првак се 1/7. Подобро (досега) се рангираат Бразил, Франција и Аргентина.
Во Jaguar очекуваат дека оваа маркетинг кампања драстично ќе ја зголеми продажбата, а со тоа и заработката. Се чини дека не размислуваат за опцијата Англичаните навистина да стигнат до финалето и да победат.
„ Jaguar е бренд за луксузни автомобили од светска класа, познат по тоа што ги произведува најпосакуваните автомобили во секој сегмент, на кои луѓето навистина им се восхитуваат пред да купат BMW, Audi или Mercedes“, изјави инсајдер на Jaguar за Top Gear.
„Моравме да направиме нешто радикално, така што овој план е потенцијално најефективниот начин буквално да ги удвоиме нашите годишни продажби.“
извор: kajgana.com