Регулаторната комисија за енергетика најави поголемо намалување на цените на горивата од полноќ.
Според изјавата на првиот човек на РКЕ, дизелот од полноќ поевтинува за пет денари за литар, цената на бензинот еуросупер БС-95 ќе се намали за 3,5 денари за литар, а литар еуросупер БС-98 ќе се продава по цена пониска за четири денари.
Според најавата, од полноќ намалување на цените ќе има и кај екстра лесното масло за 4,50 денари за литар и кај мазутот М-1 НС за 2,115 ден за килограм.
Во моментот актуелните цени на горивата се СЛЕДНИТЕ.