Градот Скопје најавува дека веќе е активен Јавниот повик за доделување на субвенции за велосипеди и електрични тротинети за граѓани од социјално ранливи категории, невработени лица, вработени лица чии месечни примања не го надминуваат износот на минимална плата и пензионери со минимална пензија.
Субвенционирањето на велосипеди и електрични тротинети, како алтернативни превозни средства во градот, е практика веќе неколку години наназад, но сега за прв пат акцентот е ставен на социјално ранливи категории на граѓани со 100% субвенција.
Граѓаните ќе можат да достават фискални сметки за купен велосипед или електричен тротинет од 01.01.2022 година. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 100% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 11.000 денари по лице, а за електричниот тротинет, не повеќе од 15.000 денари по лице, со вклучен данок на личен доход.
Повикот ќе биде отворен до 14.12.2022 година.
Би можело да ве интересира: Кои услови треба да ги исполните за да возите електричен тротинет во Македонија?
извор: skopjeinfo.mk