Значително се намалија цените на бензинот и дизелот од полноќ.
Од денеса малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)се намалува за 5,00 ден/лит, со што сега се точи за 79,50 денари за литар, цена која што не е видена од први март 2022 година.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 4,00 ден/лит, со што сега се продаваат за 77,50 и 79,50, цени кои што не се видени од јануари 2022.
Прочитајте повеќе на темата: Ќе се намалат ли уште цените на прехранбените производи?