Иако цените на нафтените деривати постојано варираат и се намалуваат, цените на билетите за меѓуградски превоз и понатаму остануваат исти.
Граѓаните плаќаат поскапи билети од јуни, кога цените на дериватите се искачија на рекордно ниво. Во тој период билетите во еден правец поскапеа од 20 на 50 денари, во зависност од одлуката на превозникот, а оттогаш картата во еден правец на линијата Тетово-Скопје и понатаму останува 200 денари или 50 денари поскапа, а од Куманово до Скопје патувањето чини 170 денари или 20 денари повеќе од порано. За Битола патниците плаќаат 730 денари, а за Охрид цената на автобуските билети во еден правец достигнува и до 890 денари во зависност од превозникот.
- Скопје-Тетово 200 денари/во еден правец
- Скопје- Куманово 170 денари/еден правец
- Скопје-Битола 630-730/ во еден правец
- Скопје Охрид 840, 850, 890/ еден правец
Граѓаните велат дека со оглед на намалувањето на цените на нафтените деривати треба да има намалување на цените на билетите. Велат дека цените се менуваат само кога треба да има поскапување.
Превозните компании немаат став и конечна одлука за решение на проблемот, засега.
извор: alsat.mk
Прочитајте: Мерцедес во Полска ќе гради фабрика за електрични комбиња