Со новата рурална програма, тутунопроизводителите ќе можат да аплицираат за новата мерка за бизнис план, која ќе стартува од 2023 година.
Според тутунските компании земјава има најквалитетен тутун во регионот. Од тутунот годишно државата остварува околу 140 милиони евра девизен прилив и како сектор вработува над 20 илјади семејства.
- Субвенциите не се единствениот начин на поддршка, туку и другите мерки на министерството. Оваа година за прв пат се доделени договори на 29 корисници за набавка на модерна опрема за тутун, преку Програмата за рурален развој, Подмерка 121.7 „Набавка на опрема за производство на тутун“, со финасиска поддршка по корисник која изнесува 4.5 милиони денари. Ова е уште еден податок за нашиот сериозен пристап кон производството на тутун, имаме за прв пат реализација на по – потенцираат од МЗШВ.
Би можело да ве интересира: Што треба да направите за да бидете корисник на земјоделски субвенции
Со новата рурална програма, велат, имаме нови можности за тутунопроизводителите кои ќе можат да аплицираат за новата мерка за бизнис план, која ќе стартува од 2023 година. Со оваа мерка предвидена е финансиска поддршка до 10.000 евра по корисник. Тутунопроизводителите имаат доволно време да направат бизнис план и со поддршка на државата да набават нови машини за садење и нижење на тутунот, како и нови сушари или друга опрема која ќе им го олесни производството.
Производството и трговијата на тутун и тутунски производи има големо економско и социјално значење со учество од 3,8 отсто во бруто домашниот производ, велат од МЗШВ. Тутунот е застапен со високи 80 проценти од вкупната површината под индустриски култури и претставува еден од најзначајните извезувани земјоделски производи со 18 отсто учество во домашниот извоз.