„Повеќе месеци децата како и нивните фамилии се експонирани на постојан страв, стрес и паника. За жал мораме да констатираме дека образовниот процес во Македонија е прекинат повеќе месеци, со што директно им се одзема уставно загарантираното право на образование на децата.
Свесни сме дека целава состојба ги засега сите граѓани, но ние мораме да ги заштитиме идните генерации и да изнајдеме оптимално решение, а тоа во овој момент е само онјалн настава.
Во соседството, поточно во Република Србија и во Црна Гора соочувајќи се со истиот вид на хибриден притисок (низа на дојави за поставени бомби) како кај нас, идните генерации ги заштитија со воведување на онлајн настава со што образовниот процес е продолжен во континуитет.
Оттука, сакаме да подвлечеме дека зад ова барање стојат луѓе и семјества кои се обединети кон една цел – здравјето, безбедноста и образованието на своите деца, без разлика на нивната етничка, религиозна, партиска и каква било друга припадност“, се вели во соопштението на групата „Поддршка за онлајн настава”.