Најсреќните луѓе во светот живеат во Швајцарија, Исланд, Данска и Финска, покажуваат најновите податоци од 2022 година.
Изгледа дека студената клима на луѓето најмногу им одговара, нели? Но, што е толку карактеристично за овие земји:
4. место - Швајцарија
Оваа земја има систем на директна демократија, што значи дека граѓаните на Швајцарија чувствуваат дека учествуваат во напредокот и развојот на својата земја.
Со оглед на тоа што знаеме дека овде се произведува најдоброто чоколадо во светот, не е чудно што жителите на оваа земја се на самиот врв на листата на најсреќни во светот.
3 место - Исланд
Кога Исланѓаните беа прашани што најмногу им се допаѓа во нивната земја, тие рекоа: „Да имаат сосед на кој можат да сметаат“.
Причината за нивната среќа е веројатно тоа што Исланѓаните никогаш не ги запоставуваат своите села и со задоволство се враќаат кај нив секој викенд.
Од друга страна, забележано е дека жителите на оваа земја весело и често поминуваат време со пријателите и роднините.
2 место - Данска
Во Данска има великодушност, социјална поддршка, а луѓето живеат среќно и исполнето многу години. Данците внимаваат на обновливите извори на енергија, а истражувањата покажаа дека се презадоволни од работата на владата, но и од учеството на граѓаните во сите аспекти на одлучувањето во земјата.
Данците внимаваат на традицијата. Тие се грижат за својата околина. А најмногу од се, секој внимава на својот сосед.
1 место - Финска
Финска пет години по ред е земјата во која живеат најсреќните луѓе на планетата.
И зошто е тоа така?
Финците ги почитуваат своите наставници, поради што нивното образование е на завидно ниво. Децата кои учат да го почитуваат авторитетот, полесно ги прифаќаат сите обврски што им ги наметнува животот и живеат поскромно.
Финците уживаат во зимското пливање, но и во сауните, а ако ги прашате, ќе ви кажат дека нема поголема среќа од моментот кога ќе се нурнете во чиста вода со мраз.