Според последните мерки, вработените ќе можат да поднесуваат барања од првиот ден на нивното ново работно место
Вработените во Обединетото Кралство ќе имаат право да бараат скратено работно време или работа од дома од првиот ден на новото работно место, според новите мерки за промовирање флексибилно работење, донесени од Владата.
Би можело да ве интересира: Можно ли е младите во Македонија да живеат самостојно?
Мерките, кои ќе се спроведуваат преку подзаконски акти, ќе им овозможат на вработените да поднесат две флексибилни барања за работа во кој било период од 12 месеци, наместо едно, како што е моментално можно. Ќе се скрати и рокот за одговор од работодавачите, а вработените ќе можат да бараат работодавачите да ги истражат сите опции пред да го одбијат барањето.
Промените се подобрување на сегашната ситуација, каде што многу луѓе кои треба да ги балансираат работните и семејните обврски се борат да најдат нова работа или да го сменат работодавачот, бидејќи работните места ретко се огласуваат како флексибилни и не можат да чекаат шест месеци за да поднесат барање кое може биде отфрлено.
Вработените: Правото да се бара флексибилно работно време не е доволно
Френсис О'Грејди, генерален секретар на Конгресот на синдикатите, рече дека правата да се бараат алтернативни работни аранжмани од првиот ден се „мал чекор во вистинската насока“ и дека на работниците им треба „ законско право да се работи флексибилно од првиот ден на работа - не само право да побараат“.
Процентот на огласени флексибилни работни места е поголем отколку во минатото, но тоа главно се должи на хибридното и работењето на далечина во секторите како маркетинг и финансии за време на пандемијата Ковид-19, пишува Фајненшл Тајмс.
Само 12 проценти од огласените работни места се со скратено работно време, што е најбаран тип на флексибилна работа. Ова значи дека многу самохрани родители биле особено исклучени од пазарот на труд или „заробени на работни места под нивното ниво на вештини“.